Во своето долгогодишно постоење претпријатието САНМАРТИ создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.
Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.
За потребите на магацинот на големо во Скопје, објавуваме оглас за
МАГАЦИОНЕР (м)
(2 работници)
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Претходно работно искуство во областа на санитарија и опрема за бањи и материјали за завршни работи во градежништво, водовот и греење, како и познавање на работата во магацин ќе се смета за предност при изборот на потенцијалниот вработен;
- Основно познавање на материјално книговодство ќе се смета за предност;
- Поседување возачка дозвола Б – категорија (активен возач).
Очекувани способности и вештини:
- Висок степен на одговорности и почитување на рокови;
- Брзо прилагодување на барањата на работното место;
- Организациски и аналитички способности;
- Вреден и одговорен работник;
- Мотивирана и стабилна личност;
- Динамична, флексибилна, лојална личност;
- Комуникативна, колегијална и вредна личност;
- Способност за тимска работа.
Месечниот надоместок и подеталното утврдување на условите на работа ќе се регулираат на усно интервју со избраните кандидати!
Вашите пријави можете да ги испратите електронски преку полето "Брза Апликација".