Во своето долгогодишно постоење претпријатието САНМАРТИ создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.
Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.
За нашиот малопродажен салон во Визбегово, објавуваме оглас за
ПРОДАВАЧ/КА
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Претходно работно искуство во продажба е пожелно;
- Познавање на материјално книговодство ќе се смета за предност;
- Солидно познавање на компјутерско работење;
- Комуникативност и одговорност;
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Способност за брзо учење и прилагодување на работното место;
- Организациски и аналитички способности;
- Мотивирана, стабилна, услужлива личност.
Основни работни задачи и одговорности:
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
- Развивање и одржување на односите со клиентите.
Месечниот надоместок и подеталното утврдување на условите на работа ќе се регулираат на усно интервју со избраните кандидати!
Вашите пријави можете да ги испратите електронски преку полето "Брза Апликација".