Vrabotuvanje.com - Регионален претставник за продажба - Територија на Р.Македонија - Контекст Вработување
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Регионален претставник за продажба

Територија на Р.Македонија

Application deadline:

  • Контекст Вработување
 
 

Компанија, лидер во Србија која  успешно работи на полето на големопродажба на моден текстил повеќе од 30 години, а воедно е и најголем центар за трговија на големо со моден текстил во Југоисточна Европа, поради зголемување на обемот на работа и зголемување на побарувачката на пазарот во Северна Македонија, има потреба од работник на следната позиција:
 


Регионален претставник за продажба или регионален застапник

(регион Северна Македонија)

 


Кои се Ваши работни обврски?

  • За ефикасно извршување на работните обврски кои се наведени во продолжение, многу ни се важни Вашата желба за раст и развој, како и подготвеноста за изучување на нашите производи. Дополнително, доколку сакате динамика, работа на терен и континуирана комуникација со нови клиенти, тогаш Вие сте кандидат за нас.

Со овие предиспозиции, од Вас се очекува:

  • Задолжително познавање на српски јазик;
  • Подготовка на годишни планови за продажба; поставување критериуми за изведба;
  • Работа на терен и пронаоѓање нови клиенти,
  • Развивање и негување на односите со клиентите: редовни посети, достапност и услужливост, грижа за нивните потреби и цели, развивање доверба,
  • Презентација на актуелни и нови производи пред клиентите,
  • Развивање план за соработка со клиентите,
  • Преговарање за условите за продажба и директна продажба,
  • Контрола и следење на нивоата на материјални резерви кај клиентите,
  • Анализа на продажните резултати по клиент, проценка на потенцијалот и утврдување на акционен план за идна соработка,
  • Проширување на продажен асортиман,
  • посредување во комуникацијата помеѓу клиентот и другите сектори во компанијата,
  • Планирање, координација и следење на: редовни набавки, почитување на роковите за испорака, квалитет на испорака, следење на рекламација,
  • Истражување на пазарот; следење и запознавање со новите колекции кои се увезуваат на пазарот,
  • Известување до раководството.

Кој сте Вие?

  • Вие сте личност која е подготвена да ги пречека промените, а уште повеќе сте подготвени да се прилагодите и да се носите со новите ситуации. Упорни сте во сé што правите, додека потенцијалните пречки се само предизвик за Вас. Лесно остварувате нови контакти, а храброста е нешто што природно ја придружува вашата изведба. Според тоа, Вашите комуникациски вештини се на напредно ниво. Всушност, голема борба е дали имате поголема предност во комуникациските или продажните вештини. Подготвени сте да учите и да се усовршувате професионално. Колегијалноста е исто така нешто што се истакнува во Вашата досегашна работа. И да, спомнавме дека сте спремни да учите? :)
  • Имате искуство во продажба и вршење на работите што ги наведовме во претходниот дел. Исто така, пожелно е да имате искуство во работа со моден текстил. Имате возачка дозвола од Б категорија и сте активен возач. Имате одлично познавање на српски јазик.
  • Овој повик важи и за независни продажни агенти или претприемачи кои сакаат да соработуваат со нашиот клиент и да бидат застапник на производи на територијата на Северна Македонија.

Што нудиме?

  • Доколку сте посветени и одлични во продажбата, постигнувате високи резултати, подготвени сте да го освоите регионалниот пазар - Ве очекуваат врвни финансиски услови и значителни бонуси. Нудиме можност да бидете дел од домаќинска претприемачка куќа, дел од млад и креативен тим од професионалци во кој меѓусебното почитување и доверба се на прво место. Ние негуваме партнерство не само со клиентите, туку и со колегите. Ве очекува постојано подобрување и унапредување на процесот на продажба преку обуки и едукации.
     

Доколку ја споделувате и верувате во вредноста на оваа компанија - раст и развој, и успешно работење засновано на интегритет - ја чекаме Вашата апликација.

Апликацијата МОРА да содржи ваше CV и мотивационо писмо.

Сите кандидати, без разлика дали се ги исполнуваат условите или не, ќе бидат контактирани и ќе добијат повратна информација за исходот по затворањето на огласот.

Огласот е активен 2 недели.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more