Vrabotuvanje.com - ИТ Специјалист – инженер за системска администрација - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ИТ Специјалист – инженер за системска администрација

Скопје

Application deadline:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на нововработени на следните работни позиции:

ИТ Специјалист – инженер за системска администрација (Референца Бр. 008/2022) 

во Дирекција за Информациски системи и техничка поддршка

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки;
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

Одлични познавања и претходна работа со:

  • Дизајн, имплементација, оптимизација и одржување на Windows Active Directory, Domain Name System (DNS), Group Policy Management, Windows File Server, Windows Server Update Services (WSUS), MS Exchange DAG Server, MS System Center Configuration Manager (SCCM).
  • Искуство во дизајн, имплементација и одржување на виртуелни платформи и решенија;
  • Имплементација, администрација, оптимизација, управување и одржување на Windows Server OS во банката;
  • Windows Desktop OS;
  • Активно го следи развојот на информациската технологија и негова примена во пракса;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитување рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и
  • Професионален изглед и однесување.

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

Одржување и администрирање на следните сервиси на банката:

  • Administration of all Windows server and Desktop OS
  • Administering windows Domain Controllers and DC structure
  • Administering windows file servers, WSUS
  • Administration of Microsoft office package (Installation, configuration & maintenance)
  • Виртуелни околини на VMWare и VirtualPC
  • DNS/WINS/DHCP концепти
  • Group Policy Management (configure GPO policy)
  • Local Administrator Password Solution (LAPS) Management
  • Инсталација на нови / надградба на постојни сервери и конфигурација на хардвер периферни уреди, нагодувања, директориуми, дисковен простор и.т.н. согласно стандардите и процедурите и оперативните потреби
  • Развој и одржување  на процедурите за инсталација и конфигурација
  • Дневно мониторирање на системите, верификација на интегритетот и достапноста на сиот хардвер, серверски ресурси, системи и клучни процеси, проверка на системските и апликациските логови и верификација на извршувањето на распоредените задачи  (scheduled jobs) како на пример бекапи.
  • Создавање, промена и бришење на кориснички налог по барање
  • Периодично известување  за перформансите со цел поддршка за планирање на капацитетите.
  • Вршење на тековно нагодување со цел оптимизација на на перформансите, хардверски надградби и оптимизација на ресурсите согласно побарувањата.
  • Конфигурирање на процесорите, меморијата и досковните партиции согласно побарувањата
  • Одржување на опремата за мониторирање и одржување на условите во системската сала
  • Поддршка на колегите во насока исполнување на очекувањата на крајните корисници (клиенти на Банката)
  • Следење и евидентирање на дефекти во работата на компјутерската опрема, следење и евидентирање на динамиката на отстранување на дефекти од страна на сервисните организации, контактирање со сервисните организации
  • Одржување на функционирањето на работни станици и печатари. Инсталација или преинсталација на оперативни системи на работните станици, како и инсталација и одржување на сите услужни програми кои се потребни на тоа место. 
  • Да предлага нови идеи и начини за подобрување на работата на Дирекцијата и останати работни задачи кои произлегуваат од самата организациска единица. 

Бенефити:

  • Приватно здравствено осигурување;
  • Политика за наградување преку системот на бонуси;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој; 
  • Динамична работна средина;
  • Продуктивно работно опкружување;
  • Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 05.06.2022 година, на career@halkbank.mk со назнака: Референца бр. 008/2022 - ИТ Специјалист - инженер за системска администрација.
 
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката.
 
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more