Vrabotuvanje.com - ИТ Специјалист за софтвер - Скопје - Халкбанк А.Д. Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

ИТ Специјалист за софтвер

Скопје

Application deadline:

  • Халкбанк А.Д. Скопје

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. 

Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, објавуваме оглас за прием на 3 (три) извршители - нововработени на следните работни позиции:

ИТ Специјалист за софтвер (Референца Бр. 010/2022) 
во Дирекција за Информациски системи и техничка поддршка

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се: 

  • Завршено најмалку Високо образование од областа на информатиката и компјутерските науки; 
  • Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 години;
  • Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:

  • Одлично познавање на Transact-SQL (T-SQL) јазикот;
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database);
  • Основно познавање на оперативни системи (Windows OS);
  • Познавање на .Net, C#, XML ќе се смета за предност. 
  • Познавање на банкарско работење ќе се смета за предност.
  • Активно следење на развојот на програмските јазици, помошните програми и нивната примена во пракса;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Ефикасно управување со време, приоритети и почитување рокови;
  • Чесност и доверливост;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионален изглед и однесување. 

За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:

  • Одговорен за правилно и целосно функционирање на модулите од системите во Банката;
  • Параметризирање и развој на апликативните модули за банкарските системи;
  • Организирање и спроведување на поддршка за корисниците на системите во банката; 
  • Анализирање на можностите за користење на модулите, вршење надзор за правилно користење, утврдување, отстранување неправилности и настанати грешки во работењето на истите;
  • Изготвување упатства, извештаи, мислења и препораки во врска со работењето на модулите; 
  • Вршење прием, инсталација и надградба на модулите во соработка со надворешните релевантни страни;
  • Учество во проекти за унапредување на споменатите апликативни модули, како и за останати активности и тековни ангажмани во рамките на Дирекцијата.

Бенефити:

  • Приватно здравствено осигурување;
  • Политика за наградување преку системот на бонуси;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој; 
  • Динамична работна средина;
  • Продуктивно работно опкружување;
  • Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.
 
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 05.06.2022 година, на career@halkbank.mk со назнака: Референца бр. 010/2022 - ИТ Специјалист за софтвер.
 
За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година. 
 
Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.
 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more