КОИ СМЕ НИЕ:
Majorel обезбедува корисничко искуство и задоволство во име на некои од најпочитуваните светски брендови. Обезбедува корисничка поддршка за бизнис клиенти, како и дигитални решенија во различни индустрии.
- 400+ бизнис клиенти глобално
- 36+ држави
- 12+ години просечно партнерство со бизнис клиентите
- 69.000 вработени глобално
Развивме уникатна компаниска култура каде што ќе се чувствувате згрижени, поддржани, слушнати и ангажирани во компанијата уште од првиот ден. Нудиме динамично работно место засновано на почит и меѓусебна доверба, каде што секој има глас и има удел во одлучувањето. Сега сме во Македонија со нашите сосема нови канцеларии и нов тим од професионалци.
Придружи ни се и биди дел од нашиот нов Мајорел тим во Македонија! Стани наш
Специјалист за корисничка поддршка
За работната позиција и обврски
- Обезбедување висококвалитетна корисничка поддршка за нашите бизнис клиенти преку телефон, е-пошта и разговор
- Работа со инфомрации и решавање на барања, поплаки на корисникот
- Обезбедување решенија и предлози за бизнис клиентот да ја одржи ефикасноста во работните текови и да поттикне висок CSAT
- Внесување и управување со податоци во различни алатки и апликации
- Учество во сесии за дообука и евалуација на квалитетот
- Заштита на лични информации, деловни информации поврзани со корисникот, бизнис клиентот и работодавачот
- Навремено информирање за можните ризици, инциденти кои влијаат на нормалниот работен тек и обработката на податоците
Барања за работната позиција
- Пријателски однос кон корисниците
- Германски јазик на одлично ниво + многу добро познавање на англискиот јазик
- Добри комуникациски и вештини за самоизразување
- Пријателски тон на гласот
- Искуството ќе се смета за плус
Што нудиме
- 46.271,00 МКД месечна нето плата
- + атрактивен бонус за постигнати резултати (по 1-ви месец платен тренинг)
- Целосно платен тренинг
- 18.500,00 МКД бруто - бонус за добредојде
- 24.600,00 ден надомест за годишен одмор
- Бонус за препорака
- 22 дена одмор
- Приватно здравствено осигурување
- Програми и обуки за развој на кариера
- Програма за благосостојба (како што се: Спортски и настани за благосостојба и активности за добросостојба)
- Договор на неопределено работно време со 4 месеци пробен период
- Меѓународна и мултикултурна работна средина
- Простор за релаксација и забава
- Можност за скратено работно време