Производителот на сувомесни производи и трговец на големо со прехрамбени производи ПЕКАБЕСКО АД заради остварување на своите цели објавува оглас за следнава работна позиција:
РАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА АПАРАТИ ПОД ПРИТИСОК – КОТЛАР
( 1 ИЗВРШИТЕЛ )
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Средна стручна подготовка машински смер (термоенергетска насока ќе се смета за предност)
- Со работно искуство од минимум 2 години.
Работни услови:
- Работниот однос се склучува на определено време 6 месеци (со можност за продолжување)
- Нето плата од 30.000,00 денари
- Обезбеден е топол оброк и превоз
- Работата е организирана во две смени
- Неделното работно време изнесувува 40 часа
Напомена:
- Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 5 дена по истекот на рокот за пријавување
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги задоволуваат критериумите
- Испратете го вашето CV (молба) преку полето Брза Апликација
- Апликациите да се достават заклучно со 25.06.2022 година
Пекабеско АД