Vrabotuvanje.com - Инженер за оперативна поддршка - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер за оперативна поддршка

Скопје

Application deadline:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје

За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Инженер за оперативна поддршка (Реон Скопје)

Работни задачи:
  • Организација и координација на технолошките процеси за омекнување на вода, снабдување на ОКТА со вода, производство на техничка и хидрантска вода и обработка на отпадните води; 
  • Следење на примената и потрошената количина на вода, квалитетот на хлорираната и нехлорирана вода, количината и квалитетот на испуштена отпадна вода, набавката и потрошувачката на хемикалии; 
  • Анализа на техничко–технолошки податоци со цел подобрување на економичноста на технолошките процеси како и обезбедување добра, безбедна и економична работа на постројките; 
  • Изготвување на работни упатства и процедури за раководење со технолошките процеси, измена и дополнување на истите;
  • Планирање и реализација на редовни и вонредни ремонтни активности и старт на постројките после нивна реализација; 
  • Водење грижа за редот, чистотата и дисциплината во објектите и нивната околина; 
  • Примена на законски и други прописи од одредена област; 
  • Извршува други задачи во доменот на стручната квалификација.

Барани квалификации:
  • Висока стручна спрема – ВСС, Технолошко-металуршки факултет – Органски насоки, Природно – математички факултет – насока Хемија; 
  • Претходно работно искуство не е задолжително. Доколку кандидатот има претходно работно искуство во делот на работа со нафтени деривати, работа со пречистителни станици за отпадна вода, системи за дистрибуција и третман на вода, работа со хемикалии и сл. истото ќе се смета за предност;
  • Познавање на видови и својства на дериватите ќе се смета за предност 
  • Познавање MS Office (Excel, Word, Power Point); 
  • Познавање деловен англиски јазик; 
  • Возачка дозвола, Б-категорија

Барани вештини и способности:
  • Посветеност и самоиницијативност;
  • Педантност и спретност;
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Аналитички способности
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Кооперативност и одговорност;
  • Способност за логицирање;
  • Вештина за донесување одлуки;

Понуда:
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Конкурентна нето плата 
  • Интерна обука со постојан надзор од инженер 
  • Полно работно време од 07:00-15:00 часот
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место 
  • Организирана исхрана од компанијата 
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата „ИНЖЕНЕР ЗА ОПЕРАТИВНА ПОДДРШКА“ за која аплицирате.

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more