Vrabotuvanje.com - Советник за продажба - Скопје - ПРИМА МЕБЕЛ ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Советник за продажба

Скопје

Application deadline:

  • ПРИМА МЕБЕЛ ДОО Скопје

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 6. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори.  На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар. Поради отворање нови продажни места, имаме потреба за проширување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:

советник за продажба

Локација: Скопје

Твоите задачи вклучуваат:

  • Комуникација со потрошувачи;
  • Испитување на потребите на потрошувачите (стилски, естетски, функционални);
  • Презентирање на производите и продажно советување;
  • Давање решение за потрошувачот и креирање на понуда;
  • Грижа за изгледот, исправноста и уредноста на производите и салонот;
  • Грижа за декорацијата и промена на цена;
  • Посета на домот на потрошувачот заради земање на мерки согласно договорениот проект со кој ќе се разработи детално дизајнот на идниот ентериер;
  • Испитување на задоволството на купувачот;

Твојот профил треба да биде:

  • Сакаш мебел, внатрешно уредување и дизајн;
  • Имаш позитивен став;
  • Флесибилен си и спремен за учење;
  • Спремен си за работа во динамична средина;
  • Спремен си за тимска работа;
  • Имаш работно искуство на иста или слична позиција;
  • Имаш одлични комуникациски и продажни вештини;
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи;
  • Си мотивирана и стабилна личност;
  • Предност е но не е пресудно да поседуваш искуство од програмите за дизајн на внатрешно уредување;

Нудиме:

  • Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
  • Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
  • Систем на наградување на успешните вработени;

Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите преку полето Брза Апликација со назнака советник за продажба во Скопје.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more