Vrabotuvanje.com - Агент во контакт центар во МТЕЛ ДООЕЛ - Скопје - Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Агент во контакт центар во МТЕЛ ДООЕЛ

Скопје

Application deadline:

  • Друштво за трговија и услуги МТЕЛ ДООЕЛ Скопје

Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија. Го шириме нашето работење на нови пазари и на корисниците им нудиме единствено искуство чинејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.

Во нашето работење се водиме според нашите вредности – задоволни корисници кои се наш приоритет, работиме тимски и ги вреднуваме нашите вработени, професионални сме и превземаме одговорност за она што го работиме, се менуваме во склад со потребите на пазарот и насочени сме на постигнување на резултати. За чекор пред другите , нашата желба е да бидеме прв избор на корисниците во светот на дигитална услуга.

Дали сакаш и ти да бидеш дел од успешниот тим кој е чекор пред другите?
Пријави се за позицијата:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР во  МТЕЛ ДООЕЛ

Твои работни задачи:

  • Презентација на производите и услугите на МТЕЛ на сите постоечки и потенцијално нови корисници;
  • Давање на информации на постоечките и потенцијалните корисници на услугите;
  • Евидентирање на приговори од корисници кои се однесуваат на функционалноста на сервисот, услугите или опремата; 
  • Евидентирање на барања на постоечите и потенцијалните корисници во склад со процедурата за работа;
  • Давање техничка поддршка на корисниците; 
  • Комуникација со корисниците по дигитален пат (web, mail, chat, video,  co-browse, social network).

За да бидеш успешен потребно е: 

  • Да си ориентиран кон корисникот;  
  • Да поседуваш комуникациски вештини и да си тимски играч;  
  • Да поседуваш минимум средно познавање на MS Office; 
  • Да имаш минимум IV степен стручна подготовка.                                    

Кај нас можеш да очекуваш:

  • Конкурентна почетна плата;
  • Динамично окружување и позитивна работна атмосфера;
  • Развој на вештини низ обуки;
  • Кариерен развој.
 
Ако себе си се гледаш во овој опис, испрати ни ја својата биографија преку полето "Брза Апликација"!

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
IT, Telecommunications amounts to 45.517 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more