Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности.
Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:
СУПЕРВИЗОР НА ПРОИЗВОДСТВО
( за фабриката MAGIC во Охрид )
- Надзор и поддршка на секојдневните активности на одделот за производство
- Решавање на проблеми поврзани со процесот на производство
- Обезбедување на навремена испорака до клиентите
- Обезбедува непречена работа на производните процеси преку дневана кординација на тимовите и следење на процесите и залихите;
- Се грижи секој член на тимот да биде соодветно опремен, обучен и насочен во извршувањето на работните обврски
Потребни способности и компетенции:
- Работно искуство 3 години
- Образование ВСС – (Технолошка струка предност)
- Познавање на контрола на квалитет
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Одлични аналитички и организациски способности
- Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
- Флексибилност за индивидуално и тимско работење
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај со назнака за ,,Супервизор за производство”.