Vrabotuvanje.com - Раководител на производство - Охрид - Скопје - Maliqi Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Раководител на производство - Охрид

Скопје

Application deadline:

  • Maliqi Group

Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности. 

Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:
 

РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОИЗВОДСТВО
( за фабриката MAGIC во Охрид )

Работни задачи и обврски:
  • Го координира и организира производството согласно годишниот и месечниот план
  • Ги дефинира потребите од репроматеријали и суровини врз основа на месечниот и годишниот план
  • Прави план и стратегија за набавка на суровини и репроматеријали
  • Ги анализира производствените и погонските спецификации за капацитетот и врши пресметки за да ги определи производствените операции, материјали и потребните човечки ресурси
  • Координирање на дневни активности со тимот, со цел постигнување на поголема продуктивност
  • Го планира и распоредува обемот на работните активности за секоја линија/ машина врз основа на планот на производството
  • Изготвува план за готов производ за извоз
  • Подготвува извештај со неделни и месечни остварени клучни бизнис индикатори и го презентира и доставува до претпоставениот

Потребни способности и компетенции:

  • Работно искуство 3 години
  • Образование ВСС – (Технолошка струка предност)
  • Познавање на контрола на квалитет
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Одлични аналитички и организациски способности
  • Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
 ​

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај со назнака за ,,Раководител за производство”.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more