Ecotip е модерна приватна општествено одговорна компанија, лидер во неколку дејности во регионот.
Основни дејности се филтрација на воздух и течности, трансмисија и трансмисиони елементи, процесен инжинеринг и дистрибуција на материјали од нерѓосувачки челик и алуминиум, опрема за заштита при работа и трговија со масла и мазива и ги има прифатено сите принципи на современиот бизнис: Квалитет, Сигурност, Експедитивност, Едноставност. Темел на нашата програма е да бидеме Практични, Графички и Аналитички.
Поради проширување на тимот, објавува ОГЛАС за вработување на:
Потребни квалификации:
- Основни познавања од механика на флуиди и водоводни инсталациони системи, како и познавања од областа на пневматика и хидраулика
- Работа со рачен браварски алат
- Возачка дозвола Б – категорија
- Пожелно е основно познавање на англиски јазик (говорно)
Работни задачи:
- Изведување на активности за одржување, поправки и монтажа како и други сервисни активности за системите и апартатите за вода и воздух
- Постигнување на целните задачи зададени од страна на претпоставените, како и документирање на редовното одржување
- Учествување во сите активности и програми во компанијата кои се применуваат во согласност со активностите од работната позиција
Профил на личност:
- Способност за работа под притисок
- Ефикасност и организираност
- Флексибилност
- Способност за работа во динамично опкружување
- Kомуникативна и динамична личност, способна за превземање на иницијативи
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Одговорна, посветена и мотивирана личност
- Лојалност и дискреција.
Вашата Професионална Биографија (CV), писмо за мотивација и препораки (доколку поседувате), можете да ги испратите преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на апликацијата „Сервисер“.
Напомена:
- Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнаки нема да бидат контактирани.