Vrabotuvanje.com - Референт за обработка на нарачки во сектор услуга на клиенти - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Референт за обработка на нарачки во сектор услуга на клиенти

Скопје

Application deadline:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје

За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОБРАБОТКА НА НАРАЧКИ ВО СЕКТОР УСЛУГА НА КЛИЕНТИ

Работни задачи и одговорности:
  • Отварање налози за утовар
  • Проверка на финансиската состојба на купувачот
  • Изготвување на документи за извоз и реекспорт
  • Изготвување на листа на автоцистерни (конвој) наменети за извоз
  • Изготвување на испратници и изјави за сообразност при директна испорака
  • Скенирање и испраќање на сите подготвени документи за директни испораки и реекспорт до клиентите и шпедитерите
  • Контакти со клиенти
  • Достава на документи во рамки на ОКТА
  • Извршување на други задачи во доменот на стручната квалификација.
 
Потребни квалификации:
  • Минимум ССС (средна стручна спрема) - предност ќе има имаат кандидати од економски насоки
  • Работното искуство не е предуслов,  
  • Претходно работно искуство со слична проблематика, работа со SAP информациски систем ќе се смета за предност
  • Активно познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на МS Office пакетот 
  • Б-категорија возачка дозвола
 
Вештини и способности:
  • Комуникациски вештини
  • Мобилност, ориентираност кон тимска работа
  • Вештина за управување со време
  • Организациски вештини, одговорност и иницијативност
  • Нумерички вештини
  • Доверливост, чесност, лојалност
  • Објективност, непристрасност
 
Нудиме:
  • Работа во позитивна работна средина 
  • Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот 
  • Конкурентна нето плата
  • Работно време: 08 – 16ч; По потреба се оди во две смени 07 – 15ч и 15 – 23ч 
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место 
  • Организирана исхрана од компанијата 
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате. 

ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more