За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје, која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:
ОПЕРАТОР ВО СЕКТОР ДВИЖЕЊЕ НА НАФТА И ДЕРИВАТИ (РЕОН СКОПЈЕ)
- Учество во работните процеси и контрола на работењето и исправноста во инсталациите за утовар, истовар од авто и вагон цистерни, резервоарскиот парк и пумпните станици.
- Учество во процесите на чистење, одржување, мерење и мострирање на резервоарскиот парк.
- Изготвување на соодветна документација при утовар, истовар, вагање, мерење и мострирање на резервоари.
- Следење на работата на инсталациите преку соодветните инструменти, следење на технолошките параметри во резервоарскиот парк.
- Спроведување на мерките за сигурност и употреба на колективните, противпожарните и личните заштитни средства.
- Почитување на работна дисциплина, ред и грижа за уредност на работно место.
- Професионален однос кон трети лица учесници во ланецот на утовар/истовар и контрола.
- По потреба учествува во превентивни и корективни активности поврзани со опремата.
Потребни квалификации:
- ССП, предност ќе има имаат кандидати од технички струки (машинска, електро, градежна, хемиска).
- Работното искуство не е предуслов.
- Претходно работно искуство во работа со нафтени деривати, работа на терен, работа со SAP информациски систем, работа со пумпи, инструментална и друга слична опрема ќе се смета за предност.
- Основно познавање на англиски јазик
- Основно познавање на МS Office
- Активен возач, Б-категорија
Потребни вештини и способности:
- Добра психо-физичка кондиција
- Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава
- Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност
- Работа во позитивна средина со можност за напредување
- Интерна обука за работното место
- Конкурентна основна нето плата и додатоци на плата.
- Сменско работење: три смени 07:00-15:00 прва смена, 15:00-23:00 втора смена, 23:00-07:00 трета смена.
- Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
- Организирана исхрана од компанијата
- Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате.
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
www.esi.mk