Vrabotuvanje.com - Асистенти со ССП - Скопје - Кам маркет
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Асистенти со ССП

Скопје

Application deadline:

  • Кам маркет

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
 
Поради натамошен развој, компанијата има потреба од:
АСИСТЕНТИ СО ССП

 
Работните задачи се од следниот делокруг на работење:
  • Експанзија
  • Кабинет
  • Набавка
 
Потребни квалификации:
  • Завршено средно образование од економска/правна или сродна струка
  • Изразени преговарачки и аналитички вештини
  • Истакнати комуникациски способности и сигурен настап
  • Високо развиени организациски вештини 
  • Волја за успеси и постигнување на цели со мотивиран тим
  • Пожелно е познавање на англиски јазик 
  • Пожелно претходно административно работно искуство.
 
Ние Ви нудиме:
  • Минимална загарантирана основна нето плата од 19.373 денари, дополнително се исплаќа личен бонус кој зависи од покажаните вештини и успешност во извршувањето на работните задачи
  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојното извршување на Вашите деловни задачи.
  • Регрес 30.000 денари
  • Слободен ден за роденден
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во КАМ
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
  • Попуст за вработени во хотелот „Вилиџ“ во Охрид
  • Работа во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете кратка биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО, Персонален оддел, ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или преку полето Брза Апликација.
 
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет-страница: www.kam.com.mk
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена, во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
 
*Компанијата го задржува правото за промена на износот на регрес

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more