Vrabotuvanje.com - Финансиски Контролор - Скопје - АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Финансиски Контролор

Скопје

Application deadline:

  • АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Финансиски Контролор
за работа во странство

Краток опис на работната позиција:

Работата се состои од работење со ротации во странство и во Македонија

Истата се одвива во канцеларии на “Апаве” и потенцијалниот вработен ќе биде инволвиран во целокупното финансиско менаџирање на канцеларијата во која што ќе работи, во постојана комуникација со менаџерот и останатите засегнати страни (клиенти, банки, добавувачи).

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование- Економски факултет.
  • Работно искуство минимум 1 година (предност ќе имаат кандидати со претходна работнa позиција во областа на сметководство или финансии за компании од приватен и јавен сектор.)
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office – Excel.
  • Желба за учење и усовршување на вештини и знаења

Одговорности:

  • Месечно фактурирање и издавање на излезни фактури, комуникација со клиенти за фактурирање, инволвиран во процесот за барање наплата од клиентот, грижа за застареност на побарувањата,
  • Инволвиран во процесот за плаќање на долгови кон добавувачи и комуникација со банките за исплати кон добавувачите
  • Подготовка на документи за сметководство и ажурно средување на истите документи
  • Придржување во целост на интерните политики и процедури.
  • Учество во проекти, меѓусекторска иницијатива и  споделување  задачи и координација со менаџерите на одделните сектори

Што нудиме: 

  • Континуирани месечни примања кои зависат од работната локација (во или вон Македонија)
  • Организирано сместување и превоз до работното место во земјата на престој
  • Покриени трошоци за храна за секој изминат ден во земјата на престој
  • Целокупните логистички трошоци што произлегуваат и може да произлезат од патувањата и престојот во странство е на товар на “Апаве”, како и континуираната логистичката поддршка од тим во државата на престој и од Македонија.
  • Континуиран тренинг за алатки и апликации кои се употребуваат

 

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација.
 

Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.

Кандидатот кој ги исполнува условите почнува со работа веднаш.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more