Интернатионал Фреш Фоод ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата започна со производство и дистрибуција на свежо пилешко месо на домашниот пазар (во сите поголеми и мали маркети) и пошироко. Визијата на Компанијата е преку изградба на сoпствени инкубаторски станици, фарми за бролјери, сопствена кланица и фабрика за производство на сточна храна да креира затворен круг на производство на свежо пилешко месо со врвен квалитет и пласирање до потрошувачите на најквалитетен 100% домашен производ.
Интернатионал Фреш Фоод ДОО има потреба од следната работна позицијa
Магационер
Локација: Скопје
Опис на работните обврски за магацин:
- Припрема за излез на готов производ;
- Спремање на документи;
- Прием на материјали/ суровини за производство;
- Селектирање и подготовка на материјалите за производство;
- Асистирање при товарење на готов производ;
- Следење на налог и инструкции за работа;
- Подготвеност за работа во смени.
Потребни професионални квалификации и функционални вештини:
- Минимум Средна Стручна Спрема –ССС;
- Пожелно е познавање на работа со PDA уреди и мобилни апликации за магацинско работење (WMS);
- Искуство во областа на магацинското работење ќе се смета за предност;
- Исполнителен, комуникативен, организиран и практичен;
- Возачка дозвола Б-категорија;
- Пожелно познавање на Албански јазик;
- Познавање на MS Office пакетот
- Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност.
Што ви нудиме:
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување;
- Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот како и можност за флексибилно работно време;
- Годишниот одмор определен согласно Закон за работен однос;
- Одлична работна атмосфера;
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес;
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми;
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци со задолжителна назнака “ЗА МГАЦИОНЕР - СКОПЈЕ“ или преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА.
Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најдоцна во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!