Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Maliqi Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • Maliqi Group

Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности. 

Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Работни задачи и обврски:
  • Контрола при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација.
  • Контрола на книжењето на трансакциите.
  • Пресметка/изработка на пријави за ДДВ и Персонален данок и поднесување на истите во УЈП, изработка и доставување на документација за Народна банка и други релевантни институции.
  • Изработка и контрола на финансиски извештаи за тековно работење.
  • Следење и спроведување на законски процедури и легислативи (ДДВ, персонален данок, данок од добивка и сл. и нивна примена).
  • Контрола на целокупната сметководствена евиденција.
  • Изработка, поднесување и потпишување на Завршни годишни сметки и ДБ.
  • Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
  • Одлично познавање на материјално сметководство.

Потребни способности и компетенции:

  • Работно искуство
  • Образование ВСС – Економски факултет
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Одлични аналитички и организациски способности
  • Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
 ​

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај со назнака за ,,Овластен сметководител”.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more