Vrabotuvanje.com - Офицер за заштита на лични податоци - Скопје - Maliqi Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Офицер за заштита на лични податоци

Скопје

Application deadline:

  • Maliqi Group

Групацијата Малиќи, е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив. Цврсто веруваме дека сите наши компании и нашиот тим вработени заедно можат да испорачаат повеќе, поефикасно и поуспешно, црпејќи знаења и вештини едни од други, меѓусебно надградувајќи се и давајќи им можност на сите подеднакво да учествуваат во давање идеи и создавање нови деловни можности. 

Доколку имате одлични комуникациски способности, сакате работа со луѓе, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Малиќи групацијата, на следната работна позиција:

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Работни задачи и обврски:
  • Обезбедува совети кога се бара применување на Законот за заштита на лични податоци;
  • Соработува со органот за заштита на лични податоци;
  • Ревидира, дополнува и спроведува измени во Законот за заштита на лични податоци,    согласно тоа да ја ревидира и дополнува постоечката документација (Правилници, Изјави, Согласности и сл.)
  • Дејствува како контакт точка за надзорниот орган во врска со прашања поврзани со обработка и консултација, кога е соодветно според законската регулатива;
  • Го информира и советува менаџментот во компаниите за потребата од усогласеност со Законот за заштита на лични податоци и  спроведува обука на вработените
  • Доделува одговорности за заштита на лични податоци, прави подготовка на персонал за ревизија на лични податоци, проценува ризик од различни операции со податоци
  • Офицерот за заштита на личните податоци е обврзан со тајност или доверливост во врска со извршувањето на неговите задачи, во согласност со законите на ЕУ;​

Потребни способности и компетенции:

  • Работно искуство ќе се смета за предност
  • Образование ВСС - Правен факултет ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Одлични аналитички и организациски способности
  • Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност,
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење
 ​

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај со назнака за ,,Офицер за заштита на лични податоци”.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more