Company Description
Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 340 производствени операции и 90 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 161,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.
За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:
МАГАЦИОНЕР
Главни одговорности:
- Избира материјали за производство врз основа на понудена листа на точен и навремен начин;
- Ги става материјалите во точни ќелии кои што се совпаѓаат со редоследот и распоредот;
- Навремено доставува материјали до производствената линија со помош количка и / или влечна количка;
- Одржува залихи на организиран начин и врз основа на принципот FIFO;
- Помага при процесот на броење на месечни физички залихи и циклуси;
- Работи со опрема за ракување со материјали вклучувајќи и влечна количкa;
- Товари и истоварува делови од магацин до производна линија;
- Користи скенер за резервации на материјали во SAP-системот;
- Управува со празни амбалажи и отпад.
Потребно искуство:
- Минимум 2 години работно искуство во магацин или логистика;
- Способност за навигација во софтверот ERP (SAP);
- Возачка дозвола за виљушкар;
- Основи на MS Excel;
- Искуство со MS Outlook;
- Познавање на FIFO принципот;
- Способност да чита, пишува и да ги следи упатствата и да работи самостојно со минимална супервизија;
- Основно познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Добри меѓучовечки и ефективни организациски вештини, добри комуникациски вештини;
- Тимски играч;
- Ориентиран кон клиентите.
Место на работа: ТИРЗ Охрид / Струга
Краен рок за аплицирање: 15.07.2022
Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги имате потребните вештини, испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација со назнака: "Магационер" најдоцна до 15.07.2022.
Со доставување на Вашето CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.