Vrabotuvanje.com - Специјалист за стратешки набавки - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за стратешки набавки

Охрид

Application deadline:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Специјалист за стратешки набавки (Strategic Buyer)
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Идентификување на можности за заштеда, нивна реализација во согласност со поставените таргети на КОСТАЛ групацијата како и евиденција на заштедите на месечно ниво во системите на КОСТАЛ.
  • Одговорност за селекција на добавувачи за репроматеријали потребни за производството на КОСТАЛ.
  • Годишни преговори со добавувачи за остварување на таргетите за заштеди.
  • Преговарање во однос на условите во стандардните договори на КОСТАЛ групацијата (Warranty Agreement, Terms and Conditions, Logistics and Quality guidelines) како и преговарање на цените како дел од долгогодишните договори за набавки на директни материјали со нови и постоечки добавувачи во согласност со валидните упатства во КОСТАЛ групацијата
  • Селекција на добавувачи на директни материјали и компоненти според правилата и процедурите на КОСТАЛ групацијата
  • Изработка на “cost break down” анализа за негативните промени на цените и репортирање на резултатите од таквата анализа до Менаџерот за набавки.
  • Проактивно учество во проектните тимови за промена или иплементација на нови директни материјали, со цел материјалите да бидат навремено набавени според временската линија во проектот со минимален ризик и трошоци на застареност од постоечкото портфолио на одобрени добавувачи.  
  • Активна соработка со одделението за квалитет на добавувачи при оценка на постоечките и потенцијални добавувачи и нивните системи за квалитет осигурувајќи дека истите се способни да го обезбедат нивото на квалитет на материјалите кои ги испорачуваат до КОСТАЛ. 
  • Учествува во изготвување на краторочни и долгорочни планови за директни материјали на фабриката како и следење на реализацијата во однос на план.
  • Изготвување на анализа за ризици за добавувачите според валидните инструкции во КОСТАЛ групацијата.
  • Следeње и идентификување на можности за подобрување на перформасите на добавувачите за директни материјали во согласност со IATF 16949 и ISO 14001 стандардите за квалитет како и подготовка на планови со корективни мерки за развој на добавувачите, доколку е потребно. 
  • Изготвување на нарачки и рамковни нарачки за потребните материјали во согласност со “Purchasing Terms & Conditions”
  • Поддршка на сите засегнати одделенија во случај на проблеми при испорака на материјали и обезбедување на соодветна реакција од страна на добавувачот во дадената критична ситуација.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од техничките науки или економски науки
  • Најмалку 3 години искуство во набавки на директни материјали преферирано во автомобилска или слична индустрија.
  • Напредно работење во SAP MM Module ќе се смета за предност. 
  • Искуство со комплексни ценовни преговори и анализи на трошоци ќе се смета за предност.
  • Искуство со комплексни системи за снабдување и логистика ќе се смета за предност.
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);  
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан; 
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик "преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more