Компанија: Глобе Виллиамс ДОО Скопје е интернационална компанија за пружање на услуги во одржување на погони и постројки за големи клиенти од сите индустриски гранки. Нашата основна дејност е да обезбедиме квалитетни услуги за управување со погон и постројки во различни трговски и индустриски објекти на национално и меѓународно ниво.
хигиеничар
Локација: Индустриска Зона - Илинден, Скопје
Главни одговорности задачи
- обезбедување професионални хигиенски услуги во согласност со стандардите на компанијата;
- одржување на чиста и безбедна средина за непречено работење на објектот согласно најдобрите практики и со примена на највисоки стандарди за Безбедност и здравје при работа
- следење на постапките за употреба на индустриски, хемиски производи за чистење и електрична опрема за чистење, со цел да се спречи какво било оштетување на подовите, инсталациите и лични повреди
- одршување на хигиената и грижа за машините, алатите преку нивно прецизно складирање и грижа за целата опрема и производи за чистење во назначените складишни места.
Главни задачи
- Чистење на подовите во зградата со метење, џогирање, чистење со правосмукалка и со машини за чистење;
- Чистење на канцеларискиот мебел и опрема;
- Сервисирање, чистење и обезбедување на потребните материјали во тоалетите;
- Сервисирање, чистење и обезбедување на потребните материјали во кантините и кујните;
- Дезинфекција на сите површини кои се одредени да се дезинфицираат;
- Собирање на отпад и празнење на корпи за отпадоци;
- Чистење на внатрешни прозорци.
Услови
- Средно образование сите профили
- Општо познавање на производи за чистење и нивна примена;
- Познавање на личната заштитна опрема и спремност за нејзино користење при работа со хемикалии и машини;
- Способност за безбедно ракување со машини и алатки за чистење, безбедно и адекватно користење на хемикалии со цел лична заштита и заштита на вработените;
- Искуство со чистењето во индустриски т.е. производствен објект ќе се смета како предност.
Работните задачи се извршуваат во индустриски услови, т.е. производствени капацитети, магацини, лабораторија, административни канцеларии, кантина, чајна кујна, соблекувални, тоалети.
Работен распоред: Понеделник – Петок, 10:00 – 18:00 часот (Празници и викенди се слободни)
Од страна на работодавачот е обезбедена обука за ракување со машини за чистење, соодветна употреба на хемикалиите со кои се чисти, како и обука за безбедност и здравје при работа.
Обезбеден е превоз, храна и униформа и заштитна опрема за работа.
Доколку сте заинтересирани за позицијата испратет ваша кратка биографија или резиме со ваши контакти (меил, адреса, телефонски број и сл.) преку полето Брза Апликација.