Vrabotuvanje.com - SQA – Инспектор за влезна контрола - Охрид, Струга - Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

SQA – Инспектор за влезна контрола

Охрид, Струга

Application deadline:

  • Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ

Company Description

Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 340 производствени операции и 90 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 161,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.

За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:


SQA - Инспектор за влезна контрола

 

Главни одговорности:

  • Креирање на работни инструкции за влезна контрола
  • Прикачување на официјални документи во платформата Igrafx и нивно следење до моментот на одобрување
  • Вршење на визуелна проверка, димензионално мерење и функционални тестови кога е потребно
  • Собирање и документирање на сертификати од добавувачи
  • Поставување на влезна контрола на материјали во SAP
  • Координација на неуспешните настани и со нив поврзани мерки (сортирање, контроли ...)
  • Првична анализа на неисправни делови
  • Идентификација и документирање на проблеми од влезна контрола
  • Проценка, документирање, и анализа на проблеми од влезна контрола
  • Ескалација при пронаоѓање несоодветен материјал кај одговорните од Магна SQA тимот
  • Поддршка на проценката на системот за мерење преку MSA студии;
  • Ги почитува и применува прописите за безбедност и заштита на животната средина при работа според ISO 45001 и ISO14001, е одговорен и трајно учествува во почитувањето на системот ISO 9001/IATF16949, почитување на работната дисциплина, користење на работното време.
  • Почитување на принципите за безбедност при работа и заштита од пожари, почитување на чистотата и редот на работното место во согласност со 5S правилата, одговорност за доверената работна опрема и работа со неа за да не се оштети, почитување на одредбите на внатрешната регулатива;

Дополнителни одговорности:

  • Oрганизирање на сортирањето на суровини
  • Шкартирање на несоодветен материјал
  • Вршење на Рандом проверка на суровини во случај на жалби

Потребно искуство:

  •    Техничко образование;
  •     Работно искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност;
  •     Основно познавање на MS Office;
  •     Добро познавање на англиски јазик;
  •     Познавање на SAP систем;
  •     Добри организациски и добри комуникациски вештини;
  •     Тимски играч.
 

Место на работа: ТИРЗ Охрид / Струга
Краен рок за аплицирање: 17.07.2022

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги имате потребните вештини, испратете го вашето CV преку полето Брза Апликација со назнака: "SQA – инспектор за влезна контрола" најдоцна до 17.07.2022.

Со доставување на Вашето CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Management amounts to 39.113 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more