Vrabotuvanje.com - Финансов супервизор - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Финансов супервизор

Скопје

Application deadline:

  • АЛМА - М ДООЕЛ

Ние во Алма-М веќе 31 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува оглас за следната работна 

ФИНАНСОВ СУПЕРВИЗОР

 
датум на објава: 8 Јули 2022
рок за пријавување до 22 Јули 2022
број на оглас: О-220708-АД-ФС
сектор: Финансии
 
 
Поради зголемениот интензитет на активности и потребите на секојдневното оперативно-административно работење, Алма-М во моментов го проширува својот тим за Сметководтсво и отвара нова работна позиција ФИНАНСОВ СУПЕРВИЗОР. Доколку размислувате за вашиот следен голем потег, оваа можност ќе ви обезбеди да ги постигнете Вашите аспирации.
 

Клучни одговорности:
  • Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото,
  • Контрола на книжење на финансиска и материјална документација,
  • Изготвување на завршни годишни сметки и консолидација,
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка,
  • Плаќање на налози,
  • Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствени стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,
  • Подготовка на финансиски извештаи,
  • Уредно водење на документација во согласност со имплементирани стандарди за квалитет во компанијата,
  • Комуникација со сите релевантни државни институции,
  • Извршување на редовни административни активности во домен на сметководство,
  • Подготвување на извештаи пропишани со законска регулатива.
 
Потребни квалификации, способности и вештини:
  • Минимум завршено високо образование - Економски факултет,
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител,
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, посебно на Мајкрософт Ексел),
  • Претходно работно искуство во трговија на некои од водечките ланци ќе се смета за предност,
  • Претходно работно искуство со CFMA ќе се смета за предност,
  • Одлични организациски, комуникациски и менторски вештини,
  • Подготвеност за работа во професионална и динамична атмосфера, 
  • Проактивна и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови,
  • Способност за тимска и индивидуална работа,
  • Систематски пристап при работењето, ориентација кон детали,
  • Поседување на висок интегритет и лојалност,
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност,
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата,
  • Позитивен однос кон промени.

Потребно искуство:
  • Минимум 3 години претходно работно искуство на иста позиција.
     
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Ве молиме без телефонски јавувања.
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more