Програмата ги опфаќа следните области:
- Електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори)
- Трансформаторски станици и релејна заштита,
- PLC управувани машини,
- Лабораториски инструменти и слична опрема.
- Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
- Без работно искуство
- Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
- Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS ќе се смета за предност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk или преку полето Брза Апликација.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.