Vrabotuvanje.com - Асистент за продажба за извоз - Скопје - ОЗОН ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Асистент за продажба за извоз

Скопје

Application deadline:

  • ОЗОН ДООЕЛ Скопје


Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во делот за продажбата на опрема за климатизација и чисти соби огласуваме слободно работно место на позицијата:

Асистент за продажба за извоз

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

  • Завршен Факултет за технички или економски науки и знаење за работа во комерција, маркетинг и продажба
  • Солидно познавање англиски јазик, зборување, пишување и комуникација
  • Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
  • Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
  • Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

За следниве работни задачи

  • Водење и изработка на планови за продажба, презентации
  • Комуникација со клиенти по е-маил, телефон
  • Посета и претставување на фирмата на саеми, клиенти, семинари и слично
  • Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за продажба
  • Избор на опрема, пресметка на делови и изработка на понуди со технички карактеристики
  • Организација и архивирање документација за тековната работа
  • Изработка на извештаи
  • Примена и реализација на современи решенија и технологии

Се добиваат следниве услови за работа

  • Редовни месечни примања
  • Организирана исхрана
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување
  • Награди за квалитетно извршување на работните задачи
  • Можност за вработување на неопределено време
  • Можност за обука и стекнување нови знаења
  • Можност за осигурување 24h од незгода (последици од несреќен случај)
  • Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух
  • Природно осветлување и пријатна работна средина

Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија преку Брзата Апликација или јавете се на телефон: 02 3091212 и закажете го вашиот разговор.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more