Vrabotuvanje.com - Ракувач со воздушен товар/ Ракувач со багаж/ Агент - Франкфурт - Контекст Вработување
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Ракувач со воздушен товар/ Ракувач со багаж/ Агент

Франкфурт, Germany

Application deadline:

  • Контекст Вработување
 
 

АЕРОДРОМОТ ФРАНКФУРТ ПОВТОРНО ВРАБОТУВА

Напомена: За огласот, покрај подолу наведените критериуми, можат да аплицираат единствено кандидати коишто имаат термин за виза во Германска амбасада и/или кандидати коишто имаат европски пасош.

Контекст како договорен партнер на Аеродромот Франкфурт ви нуди долгорочно вработување
на следните позиции:
 

Ракувач со воздушен товар/ Ракувач со багаж/ Агент

 

1. Flugzeugabfertiger - РАКУВАЧ СО ВОЗДУШЕН ТОВАР

Вашите задачи:

  • Ракување, утовар и истовар на товар од авиони
  • Ракување со опасни материи (DGR)
  • Возење и управување со возила за утовар и истовар
  • Прием и обезбедување на авиони
  • Ракување со багаж
  • Комуникација и соработка со колегите на работното место
  • Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво)
  • Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%

2. Gepäckabfertiger - РАКУВАЧ СО БАГАЖ

Вашите задачи:

  • Ракување и утовар на багаж од багажната лента
  • Истовар и утовар на багаж од контејнери и приколки
  • Кодирање на багажот
  • Сортирање на багажот
  • Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво)
  • Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%

3. RAMP-AGENT

Вашите задачи:

  • Следење и координација на работните процеси на авионот имајќи ги предвид безбедносните прописи
  • Обезбедување и прием на потребните документи за летот
  • Проверка и по потреба корекција на документите за слетување и полетување
  • Подготовка и следење на полетувања и спроведување на придружните административни задачи
  • Задолжително познавање на Германски јазик (минимум А2 ниво) и англиски јазик (најмалку Б2 ниво)
  • Возачка дозвола е потребна од самиот почеток
  • Плата од 14.37 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник 125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%

Профил на кандидатот:

  • Познавања по германски јазик како што е наведено во описот на работно место
  • Да не сте осудувани – потребно е да се приложи потврда од суд
  • Потврда или потврди од работното искуство во последните 5 години
  • Мотивираност  и желба за учење и надградување
  • Подготвеност за работа во смени
  • Физичка издржливост
  • Здравствена адекватност
  • Возачка дозвола Б-категорија

Што нудиме:

  • Полно работно време мин. 155 часа
  • Месечен план на смени
  • Можност за напредување, развој и понатамошна кариера
  • RMV месечен билет (работна карта)
  • Бесплатен паркинг на работно место
  • Попуст на гориво на интерна бензинска пумпа наменета само за вработените
  • Кантина
  • Фитнес студио
  • Попусти за патување
  • Работна и службена облека
  • Документи за виза
  • Обезбедено бесплатно сместување  во првите 6 месеци (сместувањето го плаќа работодавачот, кандидатот има трошок во вид на данок од 100 евра месечно. Сместувањето е на пример 550 евра по кандидат, тоа ќе го плати работодавачот, ДДВ на овој трошок си го плаќа кандидатот)
  • Доколку кандидатот се пресели во Франкфурт (од место кое е одалечено од Франкфурт od  100 км и  повеќе – се мисли и на тие што ќе се доселат од Македонија, FraGround ќе понуди на кандидатот пакет за добредојде (Бонус за преселба од 1.000 евра нето и исплаќање на истиот на 4 рати во текот на првиот месец од вработувањето, бесплатно сместување за првите 6 месеци (се оданочува само паричната помош, транспортни трошоци до 300 € нето)
  • Доколку е потребно, преземање на трошоците за превод
  • Посредувањето е бесплатно, кандидатите имаат само трошок  за вадење на своите лични документи пред нашите институции и превод на истите

За подетални информации, обратете ни се со испраќање на CV преку полето Брза Апликација, или на телефон: 078 274 420.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more