ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија од Индијана, САД има потреба од работници за отворена работна позиција во оддел Производство.
Во Теламон, фокусот е во деталите на секој проект, а индустриските решенија го отелотворуваат ова верување до самата срж.
Нашиот стил на работа е дефиниран од нашите корпоративни вредности: H2S2 - искреност, хармонија, едноставност и менторство.
За таа цел, за поддршка на нашата фабрика во Скопје (Инџиково), во потрага сме по Оператори во производство, кои ги делат нашите вредности.
Основни обврски и одговорности:
- Составување на индустриски делови според упатствата за процесот на квалитет користејќи разни алатки.
- Тестирање на склопената опрема.
Работната позиција опфаќа:
- Работење согласно работни упатства и инструкции од претпоставен.
- Составување и тестирање на составениот производ.
- Потврдување за адекватно поставување и контрола на сите делови и етикети, согласно упатствата за работа.
- Евидентирање на серискиот број на делот на серијата.
- Следење на едноделен проток при склопување на готовите производи.
- Сортирање несоодветни материјали.
- Следење воспоставени процеси и постапки на Lean производство.
- Контрола на прв производ.
- Документирање и одржување запис за инспекција на готови производи.
- Почитување на интерните правила и политики, генералното работно време, времето за паузи.
- Вршење на работните задачи со полно работно време во траење од 40 часа седмично.
- Работа во стоечка положба и повторувачки движења со раце.
Потребни знаења и вештини:
- Способност за изведување основни математички операции (собирање, одземање, множење и делење).
- Способност за читање и разбирање на инструкциите за работа и на документите за квалитет.
- Мора да биде детален за да обезбеди квалитет при изработка на производите.
Потребно образование и искуство:
- Диплома за завршено средно образование или нејзин еквивалент;
- Предност имаат кандидатите со претходно искуство во автомобилската индустрија;
Теламон нуди:
- Можност за кариерен и личен напредок;
- Постојано учење и надградување;
- Организиран превоз;
- Работа во две смени (06:00-14:00 и 14:00-22:00)
Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.
Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.