Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Application deadline:

  • ТЕЛАМОН-ЕВРОПА ДООЕЛ

ТЕЛАМОН - една од најголемите приватни компании за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија од Индијана, САД има потреба од работници за отворена работна позиција во оддел Производство.

Во Теламон, фокусот е во деталите на секој проект, а индустриските решенија го отелотворуваат ова верување до самата срж.

Нашиот стил на работа е дефиниран од нашите корпоративни вредности: H2S2 - искреност, хармонија, едноставност и менторство.

За таа цел, за поддршка на нашата фабрика во Скопје (Инџиково), во потрага сме по Специјалист за човечки ресурси, кои ги делат нашите вредности.

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Основни обврски и одговорности:

Севкупна одговорност за административните работи, регрутација и поддршка во изработка на документи и договори, општи ЧР услуги.

Работната позиција опфаќа:

  • Сите општи административни работи поврзани со човечки ресурси;
  • Подготовка, развој и имплементација на  постапки и политики;
  • Го организира и спроведува процесот на вработување, врши регистрација на  нови вработени во Агенцијата за вработување, Фондот за здравство  на Република Македонија;
  • Ги следи потребите на друштвото и обезбедува непречен тек на регрутација;
  • Ажурирање на евиденцијата на вработените со нови информации и / или промени во статусот на вработување;
  • Координирање на организиран превоз за вработени;
  • Придонесува кон заложбите на тимот за остварување на резултати, учествува во развој на целите на одделот.

Потребни знаења и вештини: 

  • Одлични вербални и комуникациски вештини;
  • Способност за работа во тим и самостојно;
  • Насоченост кон постојан развој  и подобрување на сопствените вештини и знаења;  

Потребно образование и искуство:

  • Минимум 2 години работно искуство на иста/слична позиција, работа во мултинационална компанија за производство ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на  MS Office Suite;
  • Напредно познавање на англиски јазик (пишување и зборување).
  • Високо образование - предност општествени науки

Теламон нуди:

  • Можност за кариерен и личен напредок;
  • Флексибилно работно време;

Вработувањето во "Теламон-Европа" е взаемна врска на доверба и сигурност. Имаме должност да се грижиме кон вработените, а должност на вработениот е да ги изврши законските и разумни наредби на Теламон-Европа.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со целосна доверливост.

Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more