Vrabotuvanje.com - Градежен техничар - Битола - Битола - МЕЈ ЕНЕРЏИ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Градежен техничар - Битола

Битола

Application deadline:

  • МЕЈ ЕНЕРЏИ ДОО

 

Меј Енерџи ДОО Скопје е компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Компанијата е во процедура за изградба на фотонапонска електрана со рок на користење од 25 години.
​Меј Енерџи ДОО Скопје е општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина, а притоа ги следи најсовремените инженерски трендови во областа на енергетиката.

градежен ТЕХНИЧАР - БИТОЛА

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование (3 или 4 степен) со положен стручен испит за безбедност и здравје при работа;
  • Соодветно претходно работно искуство од минимум 2 години;
  • Одлично познавање на апликациите од MS Office пакетот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Главни одговорности:

  • Извршување на градежните работи поврзани со изведба на проектот;
  • Координирање, организирање и издавање наредби и упатства во врска со работата на техничкиот и оперативниот оддел;
  • Водење евиденција за вградени материјали и извршени активности и изработка на дневни и периодични извештаи за извршената работа;
  • Општо познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и нивните промени;
  • Обезбедување поддршка на градежниот инженер за оперативни и административни обврски врзани за тековното работење;
  • Координација со раководното лице на објектот и надзорниот орган;
  • Контрола на доставената количина на градежни материјали на објектот;
  • Надгледување и одговорност за опремата и алатите на градилиштето, координирање и усогласување на работата согласно предвидените градежни активности;
  • Вршење на сродни градежни работи и задачи;
  • Обезбедување и придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди за работа.

Потребни вештини:

  • Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
  • Одговорност и одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност и енeргичност.

Доколку сте заинтересирани, испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте Вашите податоци да се чуваат во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Меј Енерџи ДОО Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивниот пол, раса, религија, национална и политичка припадност и вид на попреченост.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more