ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР - БИТОЛА
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование (3 или 4 степен) со положен стручен испит за безбедност и здравје при работа (БЗР);
- Соодветно претходно работно искуство од минимум 2 години, работно искуство на работи поврзани со изведба на електроенергетски постројки, трансформаторски станици, нисконапонски и високонапонски инсталации, електро енергетски мерења и испитувања;
- Одлично познавање на апликациите од MS Office пакетот;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија.
Главни одговорности:
- Изведување на електротехнички работи при изведба на енергетски објект - фотонапонска електрана;
- Изведување на електротехнички работи при изведба на 110 kV далековод и 110 kV кабел;
- Изведување на електротехнички работи при изведба на трансформаторска станица 110 kV/33 kV;
- Изведба на нисконапонски електрични инсталации и положување нисконапонски енергетски и сигнални кабли;
- Монтажа на електро опрема, ормари, поврзување на кабли, поврзување на сензори и извршни елементи и нивно испитување;
- Водење евиденција за вградени материјали и извршени активности и изработка на дневни и периодични извештаи за извршената работа;
- Поддршка на електро инженерот во приготвување оценка за напредокот на проектот;
- Познавање и читање на целокупната потребна техничка документација за енергетски објект - фотонапонска електрана;
- Обезбедување и придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди;
- Поддршка на електро инженерот за oперативни и административни обврски врзани за тековното работење.
Потребни вештини:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
- Одговорност и одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
- Способност за прецизна работа со детали;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност и енeргичност.
Доколку сте заинтересирани, испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку полето Брза Апликација.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте Вашите податоци да се чуваат во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Меј Енерџи ДОО Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивниот пол, раса, религија, национална и политичка припадност и вид на попреченост.