Vrabotuvanje.com - Градежен инженер - Скопје - Скопје - МЕЈ ЕНЕРЏИ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Градежен инженер - Скопје

Скопје

Application deadline:

  • МЕЈ ЕНЕРЏИ ДОО

 

Меј Енерџи ДОО Скопје е компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Компанијата е во процедура за изградба на фотонапонска електрана со рок на користење од 25 години.
​Меј Енерџи ДОО Скопје е општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина, а притоа ги следи најсовремените инженерски трендови во областа на енергетиката.

градежен инженер - скопје

 

Потребни квалификации:

  • ВСС – Градежен факултет – Градежен инженер;
  • Соодветно претходно работно искуство од минимум 2 години;
  • Одлично познавање на AutoCad, програма за пресметка на статика и апликациите од MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Главни одговорности:

  • Познавање на целокупната потребна техничка документација за изградба на енергетски објект - фотонапонска електрана;
  • Надгледување на развојот на проектот и давање насоки кога е потребно до Site менаџерот;
  • Оценка на напредокот и подготвување на детални финансиски/технички извештаи за Управителот и Инвеститорот;
  • Познавање на оперативни практики на градење и следење на стандардите и нивните промени;
  • Во текот на извршувањето на договорените работи контактира со инвеститорот, надзорните органи, подизведувачите и државни органи и презема соодветни активности во зависност од природата на укажаните потреби;
  • Во координација со Site менаџерот и надзорниот инженер да планира и обезбедува потребни ресурси (работна сила, опрема и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања;
  • Водење дневна евиденција за напредокот на инвестицијата;
  • Оперативни и административни обврски врзани за тековното работење;
  • Обезбедување и придржување кон сите здравствени и безбедносни стандарди.

Потребни вештини:

  • Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
  • Одговорност и одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност и енeргичност.

Доколку сте заинтересирани, испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик преку полето Брза Апликација.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте Вашите податоци да се чуваат во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Меј Енерџи ДОО Скопје е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивниот пол, раса, религија, национална и политичка припадност и вид на попреченост.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more