МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје - Компанија која веќе 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис, ориентирана кон континуиран раст и развој, во насока на проширување на својот тим во Логистика, има потреба од вработување на:
МАГАЦИОНЕР ЗА ПРИЕМ
Број на работни места: 1
Потребни квалификации:
Завршено средно образование
Познавање на работа со компјутери
Возачка дозвола Б категорија
Искуство со работа со виљушкар ќе се смета за предност
Одговорности и задачи:
Прием и истовар на производи
Интерна организација на примена роба
Селекција и складирање
Одржува хигиена и среденост во зона на прием
Способности и професионални вештини:
Лојалност и посветеност на работата и тимот
Динамичност и добра организираност
Чесност и доверливост
Иницијативност
Кандидати со работно искуство - магационер во прием ќе имаат предност при изборот.
Сите заинтересирани кандидати може да го достават своето CV на
vrabotuvanje@makedonijalek.com.mk или директно преку полето за Брза апликација.
Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!