Кои се Магнетик ДООЕЛ?
Магнетик е основана во 1992 година и денеска е лидер во дистрибуцијата и малопродажбата на текстилни производи со 25 продажни франшизни салони, мегу кои еден мултибренд и два аутлет продажни салони, сите сместени во центарот на Скопје, во Ист гејт мол, Рамстор мол и во Сити мол ул. Љубљанска , како и два угостителски објекти Амигос, Мексикански ресторан во центарот на Скопје.
Компанијата денес ги има ексклузивните права на дистрибуција и продажба на Weekend Max Mara, Marella, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Paul&Shark, Gerry Weber, Yamamay, Carpisa, Oltre, Motivi и Fiorella Rubino во Македонија.Во својот состав го има и multybrand продажниот салон Галерија Магнетик, каде се дополнително застапени и Studio Max Mara, Max Mara Leisure, Sportmax Code, Patrizia Pepe, Twinset. Уште при самото нејзино основање, целта беше да се создаде врвна компанија која на нашиот пазар ке донесе производи од светски познати марки со прифатливи цени за нашиот пазар. Филозофијата на Магнетик е насочена кон пазарот, обрнувајки особено внимание и почитување на потребите на потрошувачите, нудејќи им квалитетна услуга и најнови модни трендови.
Во моментов има отворено слободна работна позиција за
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ
во своите продажни салони во Ramstore Мall, East Gate Mall и City Mall
Добредојдени се кандидати со
- минимум средно образование,
- кои сакаат да се стекнат со основни вештини, а и да навлезат подлабоко во модната индустрија.
Основна почетна плата 18-20.000МКД, во зависност од претходното работно искуство, како и дополнителни бонуси и поволни бенефиции.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.
Повеќе информации за компанијата погледнете на нашата веб страна www.magnetik.com.mk