Друштво за транспорт и услуги ТЕХНОТРАНС ДОО компанија со долгогодишно искуство во областа на транспортот и логистичката подршка која е посветена на опслужување на клиентите, поради зголемениот обем на работа има потреба од вработување на:
Специјалист за човечки ресурси
Работни обврски:
- Одговорен за имплементација на процесот на регрутирање во организацијата, вклучително и набавка, проценка, избор и вклучување нови вработувања
- Се поврзува со менаџерите и ги интервјуира вработените на сите нивоа за да ги идентификува и процени потребите за обука и развој
- Учествува во развивање на организациски упатства и процедури
- Го спроведува стратешкиот план на одделот за човечки ресурси и правни работи според сегашните и идните организациски потреби и цели
- Развива и спроведува програма за управување со перформанси за да се оцени, мери и подобрат перформансите на вработените
- Ја следи организациската ефективност и управува со операции, системи и процедури поврзани со човечки ресурси кои ги максимизираат перформансите и ефикасноста на луѓето
- Ја следи, оценува и контролира ефикасноста и ефективноста на методите и процедурите за услуги
- Обезбедува сеопфатни услуги за обука и развој на вработените во компанијата за да се осигура дека сите вработени постигнуваат високи професионални стандарди и дека ги имаат потребните вештини за да и помогнат на компанијата да ги постигне своите стратешки цели
- Спроведува годишни анкети за задоволството на вработените
Услови:
- Завршен правен факултет
- Релевантно работно искуство
- Силни комуникациски вештини писмени и вербални
- Способност да се даваат совети и обуки на засегнатите страни од сите нивоа
Што нудиме:
- Стабилна работа со можност за напредок
- Солидна плата, можности за покачување и дополнителна заработка
- Осигурани на полно работно време
- Платен топол оброк
- Редовни бонуси за редовност и ефикасност
- Годишен одмор
- Исплата на регрес за годишен одмор
- Обезбедени бесплатни пакети производи за сите големи празници
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да ги достават преку полето "Брза Апликација".
Напомена: Само апликациите на кандидадите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат разгледани.