Vrabotuvanje.com - Деловен партнер за човечки ресурси (HR Business Partner) - Скопје - КОЛА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Деловен партнер за човечки ресурси (HR Business Partner)

Скопје

Application deadline:

  • КОЛА ДООЕЛ

 

  Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го следното: 

КОЛА ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување за следното слободно работно место:
 


ДЕЛОВЕН ПАРТНЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR Business Partner)

1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување 


Услови за вршење на работата:

  • ВСС (предност општествени науки, психологија, менаџмент, бизнис администрација);
  • Минимум четири години работно искуство од областа на човечки ресурси;
  • Искуство со сите фази на циклусот на човечки ресурси (планирање на работни места, регрутација и селекција, ориентација, обука и развој, системи за наградување, оценка на перформанси);
  • Искуство во процеси поврзани со организациската култура;
  • Вештини и знаења за работа со компјутерски апликации (Windows, MS Office);
  • Возачка дозвола Б категорија.

Краток опис на работните обврски:

  • Координирање и ангажирање на претпоставени за идентификување на потребите за кадар;
  • Прогноза и обезбедување на тековни, квартални и годишни потреби за вработување;
  • Регрутирање во полн циклус и употреба на разни техники и методологии при интервјуирање за проценка;
  • Учестува во развојот на стратешкиот план на човечки ресурси, целите и програмите (систем на наградување, обуки и развој, организациска култура, Onboarding; програми за трансформација и мотивација на вработени);
  • Одговорен е за воспоставување и одржување на организациски дизајн и структура, анализа и евалуација на работни места, како и планирање и следење на бројот на вработени;
  • Водење и давање иницијативи за employer branding како и сите тековни случувања како team building и други настани поврзани со вработните;
  • Одговорен за потребите и планот на обуки и развој на вработените и спорведување на истите;
  • Учествува во развој на системи за управување со учинок, модели за нагарадување и друго.

Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок работното време започнува во 08:00 часот, а завршува во 16:00 часот.

Вашата кратка биографија испратете ја преку полето БРЗА АПЛИКАЦИЈА или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 5 работни дена од 10.08.2022 година до 16.08.2022 година.

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од: Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. 

Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри за потребите на КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254. КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254 гарантира дека освен за наведената цел, вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. КОЛА ДООЕЛ извоз-увоз Скопје, ул.Качанички пат бр.254 сите апликации ќе ги чува 12 месеци, сметано од денот на нивното добивање, освен во случај кога апликантот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истекот на утврдениот рок.

 

 

 

 


 

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more