Vrabotuvanje.com - Овластен сметководител во оддел сметководство и финансова оператива, сектор финансии - Скопје - РЕПЛЕК
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Овластен сметководител во оддел сметководство и финансова оператива, сектор финансии

Скопје

Application deadline:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание,  придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ВО ОДДЕЛ СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСОВА ОПЕРАТИВА, СЕКТОР ФИНАНСИИ
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (Економски факултет);
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Познавање и активно користење на MS Office (excel, power point, word);
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Одлични комуникациски и организациски способности;
  • Аналитика и известување;
  • Почитување на рокови и следење на таргети.

Работни обврски:

  • Сметководствена евиденција на влезна и излезна документација;
  • Поддршка при изготвување на завршни сметки;
  • Доставување на поднесоци и извештаи до институции;
  • Подготовка на извештаи за трошоци;
  • Предлози за подобрување на процесите;

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more