Vrabotuvanje.com - Администратор во сектор набавки - Скопје - РЕПЛЕК
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Администратор во сектор набавки

Скопје

Application deadline:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание,  придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

АДМИНИСТРАТОР ВО СЕКТОР НАБАВКИ
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Познавање и активно користење на MS Office (excel, power point, word);
  • Организациски и комуникациски способности;
  • Почитување на рокови.

Работни обврски:

  • Обезбедува административна и техничка поддршка на секторот;
  • Активно учествува во ажурирање, средување и чување на документација;
  • Следење на процесот на царинење на роба и обезбедување на цела документација што го прати царинењето на влезни материјали;
  • Изработка на увознички документи;
  • Активирање на приеми на влезни материјали.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more