Vrabotuvanje.com - Стручен соработник во сектор маркетинг и продажба - Источна и Централна Македонија - РЕПЛЕК
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Стручен соработник во сектор маркетинг и продажба

Источна и Централна Македонија

Application deadline:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание,  придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО СЕКТОР МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА
Реон: Источна и централна Македонија

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет);
  • Валидна возачка дозвола - Б категорија;
  • Познавање и активно користење на MS Office (excel, power point, word);
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Одлични комуникациски и организациски способности;
  • Претходно работно искуство во маркетинг и продажба, ќе се смета за предност.

Работни обврски:

  • Посета на медицински стручни лица, лекари и фармацевти на терен;
  • Презентација на компаниските производи;
  • Организирање на состаноци и настани со лекари и фармацевти;
  • Идентификација на пазарните трендови;
  • Анализа на конкуренцијата;
  • Поднесување на извештаи за реализирана продажба и предлози за подобрување.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Основни средства за работа (службено возило, мобилен телефон и друго).

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more