СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!
Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.
Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.
СТРУЧЕН АНАЛИТИЧАР ВО СЕКТОР КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Реон: Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (Фармацевтски, Природно математички факултет, Хемија/Биологија-биохемија); Предност при изборот ќе имаат кандидатите со завршен Фармацевтски факултет и искуство
- Подготвеност за работа во две смени;
- Желба за постојана надоградба.
Работни обврски:
- Учество во активностите на секторот околу контрола на квалитет на секоја влезна серија суровина/амбалажа/меѓумаса/меѓупроизвод/финален производ, следење на стабилност на индустриски серии, до издавање и соодветна дистрибуција на сертификати за квалитет;
- Користи инструментална опрема/апарати за контрола на квалитет на физичко-хемиските особини на производите во согласност со барањата на спецификациите за квалитет изработени по последно важечки изданија на светските фармакопеи;
- Учество во активности поврзани со изработка на мастер верзии на спецификации за квалитет и сертификати од анализа за производите;
- Подготвува процедури за ракување со апаратурна техника, стандрди, форми и обрасци за контрола на квалитет;
- Редовно имплементира практики од EU GMP норми, ISO стандарди, ICH водичи и др;
- Учество во правилна примена и функционирање на системот за управување со квалитет и животна средина и грижа за чиста и здрава животна средина;
- Учество во изработка на аналитичкиот дел од регистрациската документација со цел регистрација, пуштање во промет на први серии по регистрација, пријава на варијација, трансфер на технологија, обнова на регистрација;
- Одговорност во однос на точноста, исправноста на секој аналитички резултат по основ на направено тестирање и транспарентност и тимска соработка во работењето.
Нудиме:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Организиран топол оброк;
Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’
Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.