Оператори на линија
Локација: Скопје, Македонија
Џонсон Мети има потреба од Оператори на линија кои ќе се придружат на Одделот за производство во фабриката во Скопје.
Нудиме работа во високоразвиена динамична работна средина, со воспоставени системи и стандарди за квалитет, имплементирани процедури за заштита и безбедност при работа.
Главни одговорности:
Обезбедување на непречено функционирање на производните линии преку:
- Прилагодување на линискиот товар
- Поставување, пакување и одржување на делови на линија
- Познавање и следење на процедурите за безбедност при работа
- Тимска работа
Потребни квалификации за работното место:
- Работно искуство во производствена или средина со хемиски процеси ќе се смета за предност;
- Способност да се реагира брзо на промените во врска со потребите на бизнисот во различни производствени области;
- Основни компетенции во користење на MS Office апликации (Word, Excel) и
- Познавањето на говорен и пишан англиски јазик ќе се смета за предност.
Ние Ви овозможуваме:
- Солидна плата со надоместоци над законски предвидените износи;
- Обезбедена храна и превоз од Скопје, Куманово и Велес;
- Колективно осигурување од незгода 24/7;
- Приватно здравствено осигурување;
- Попусти и бенефиции во мрежата на трговци соработници;
- SportMaster членство;
- Исплата на бонуси (исполнети таргети) и систем на признанија (Say Thanks program);
- Можности за посета на обуки и личен професионален развој.
*Позицијата подразбира работа во три смени.
Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават преку полето Брза Апликација.