Vrabotuvanje.com - Координатор во сектор производство - Скопје - РЕПЛЕК
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Координатор во сектор производство

Скопје

Application deadline:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание,  придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти.

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

КООРДИНАТОР ВО СЕКТОР ПРОИЗВОДСТВО
Реон: Скопје​

Потребни квалификации:

  • Високо образование (Фармацевтски, Технолошки факултет-Биотехнологија). Предност за кандидати со Фармацевски факултет.
  • Подготвеност за работа во две смени.
  • Одлични организациски и комуникациски способности.
  • Познавање на Англиски јазик и MS Office.
  • Подготвеност и желба за надоградба.

Работни обврски:

  • Координација на активности за вклучување и имплементација на стандардите за квалитет во својата организациона единица.
  • Одговара за уредно водење на документацијата во производство и за реализацијата на годишни, квартални и месечни планови за производство.
  • Поднесува барање за лансирање на нов производ.
  • Координира земање на брисеви за микробилошка контрола пред започнување со нов производ.
  • Врши контрола на секоја произведена серија и ја потврдува исправноста на производниот процес и квалитетот на производот.
  • Координира прием и контрола на примарен и секундарен паковен материјал, суровини, меѓупроизводи, полупроизводи, балк производи и готови производи.
  • Одговара за применување на принципите за GMP работење.
  • Се грижи за вработените во тимот, нивна обука и развој, редовност и дисциплина.

Нудиме:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘ Брза Апликација’’

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more