Vrabotuvanje.com - Store Manager (Менаџер на продавница) - Штип - ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Store Manager (Менаџер на продавница)

Штип

Application deadline:

  • ЛПП МАЦЕДОНИА увоз-извоз ДООЕЛ

Бидете и вие дел од LPP, современа и реноминарана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!
 
 

LPP е интернационлна компанија која над 20 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.

Нашиот тим го сочинуваат над 25000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.

Нашата моментална мрежа од околу 1800 продавници во Европа, Азија и Среден Исток, од неодамна и во Македонија, и тоа со сите 5 бренда, па за таа цел сме во потрага по наши идни колеги:

Store Manager (Менаџер на продавница) - Sinsay

Локација: Штип

 

Основни одговорности

  • Секојдневно организирање на работни активности вo продажен објект
  • Одговорен за вработените во продажниот објект: Грижа и евиденција на работно време на вработените; Учество во процес на селекција и регрутација на својот тим; Унапредување на вештини и знаења на вработени; Поддршка и негување на тимски дух
  • Активно спроведување и следење на компаниски процесите, кодекси и дефинирани стандарди од страна на Работодавачот; имплементација и на процедури согласно законските прописи
  • Одговорен за работни резултати, следење на истите и активна имплементација на сите планирани активности со цел постигнување на планирани продажни цели
  • Следење на залиха на роба и управување со процес на прием и поврат на роба
  • Грижа  и одговорност за дневниот пазар, одговорен за состојбата на благајна каса и трезор
  • Работа и наплата на каса
  • Грижа и одржување на високи стандарди на услуга на клиенти, изгледот и хигиената на објектот

Што очекуваме

  • Степен на образование – ССС/ВСС
  • Релевантно професионално искуство на иста или слична позиција во текстилна индустрија
  • Одлични комуникациски вештини
  • Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
  • Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
  • Задолжително е познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
  • Напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

Ние Ви нудиме

  • Стабилна позиција во сигурна и реномирана интернационална компанија во областа на модна индустрија
  • Динамична работна средина
  • Можност за кариерен раст и развој
  • Атрактивна месечна плата со дополнителен бонус систем и дополнителни бенефити
  • Пријатна и пријателска работна атмосфера која овозможува размена на искуства и знаење и одлична тимска работа
  • Континуирана можност за едукација и унапредување на професионални вештини, како и стекнување на нови

 

За аплицирање проследето го вашето CV на англиски јазик преку полето Брза Апликација, најдоцна до 04.09.2022.
Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.

​Дознајте повеќе за нас на www.lppsa.com


COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more