Vrabotuvanje.com - Инженер за одржување - Скопје - ДС СМИТХ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Инженер за одржување

Скопје

Application deadline:

  • ДС СМИТХ

smartflex


 

DS Smith  е водечка европска компанија за производство на амбалажа приспособена на барањата од клиентот со нагласок на врвниот дизајн и локална услуга близу просториите на клиентот. Со портфолио на производи кое опфаќа транспортно пакување, продажно пакување, промотивно пакување и пакување за изложување, приспособено заштитно пакување и индустриско пакување, DS Smith  ги задоволува сите барања на пазарот. На глобално ниво делува во три дивизии: амбалажа, рециклирање и хартија.

Со тим од над 28.000 ентузијасти за амбалажа низ целиот свет, нашата цел е нашите вработени да се чувствуваат ценети и да го прифатат тоа што ние како бизнис имаме за цел да го оствариме. Силно ја поддржуваме важноста на внатрешната култура која се фокусира на амбиција и чесност.

Ги поттикнуваме вработените да ги прифатат нашите пет основни вредности: да се грижиме, да си задаваме предизвици, да ни веруваат, да реагираме, да сме упорни. Овие основни вредности не водат при донесување на одлуки и ги обликуваат политиките и праксите на компанијата. Ова ни овозможува успешно да ги оствариме нашите стратешки цели и да ги задоволиме потребите на сите наши заинтересирани страни. Повеќе информации на www.dssmith.com

 

DS SMITH СКОПЈЕ ВРАБОТУВА:
ИНЖЕНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Потребни квалификации:

  • ВСС – Машински факултет
  • Поседување на минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на користење на компјутер – MS Office
  • Поседување на возачка дозвола Б - категорија

Потребни способности и вештини:
  • Одлични организациски способности
  • Способност за работа во тим
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Иницијативност и посветеност кон резултати
  • Способност за поставување на приоритети и работа во дадени рокови

Работни задачи и одговорности:
  • Детектирање и отстранување на машински дефекти на производствени машини
  • Одржување и сервисирање на транспортни системи
  • Учење на нови процеси
  • Користење на техничка документација
  • Развивање на планови и имплементација на нови методи со цел подобрување на работењето и  намалување на трошоци
  • Поставување на планови за превентивно одржување на машини
  • Следење на процедури за безбедност и здравје при работа
 
Што нудиме:
  • Одлични услови за работа
  • Атрактивни месечни примања
  • Месечни бонуси согласно остварени таргети
  • Обезбеден оброк за вработените
  • Програма за наградување на вработените
  • Можности за напредување

Доколку ги исполнувате наведените карактеристики, сте флексибилни, спремни за учење и напредок во кариерата

АПЛИЦИРАЈТЕ !
преку полето Брза Апликација  не подоцна од 15.09.2022

Само оние апликации кој ги задоволуваат критериумите наведени погоре ќе бидат поканети на интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more