Vrabotuvanje.com - HR практикант - Скопје - НЕЛТ СТ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

HR практикант

Скопје

Application deadline:

  • НЕЛТ СТ ДООЕЛ
 

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени!

Бидете дел од НЕЛТ СТ!


Кои сме ние?

Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Vitalia, Campina, Mladegs Pak, Teekanne, Baby Food Factory, А1 Makedonija, Bau Center.

Вработуваме:
HR ПРАКТИКАНТ

Опис на работната позиција: 
  • Одговорен за персонална администрација, поддршка во собирање на податоци за плати, изработка на сите одлуки, решенија и потврди за сите кадровски процеси
  • Учество во едукациски активности на вработени, а поврзани со ХР процеси: onboarding на нови вработени, запознавање на тим лидерски позиции со ХР процеси
  •  Активно учество во процесот на Регрутација и селекција: отворање на огласи, селекција на кандидати преку следење на бази, проценка на кандидати, давање на понуди
  • Поддршка во одржување на тренинзи и следење на тренинг матрици за цела организација
  • Учество и организација на мотивациски активности за вработени: настани, gamification стратегии
  • Давање предлог за одбирање на екстерни соработници за реализација на функционални, тесно стручни тренинзи и/или консултантски услуги
  • Обезбедува јакнење на компаниските вредности преку личен пример и преку реализација на планот на активности во оваа област во соработка со менаџментот на компанијата
  • Одговорност со својот став и однесување да даде пример и да ги мотивира вработените да се однесуваат во сoгласност со компаниските вредности  и да ги претставуваат внатре во компанијата и надвор од неаОстанати работни задачи по налог на надредениот
 
Услови и компетенции:
  • Основни услови: последна година од додипломски студии, запишани мастер студии или ВСС 
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Општи компетенции: Солидно познавање на работа на компјутер, Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија

Што нудиме?
  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот 
  • Годишниот одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!

Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 09.09.2022 год.

За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
https://nelt-mk.oneassessment.com/job/--622X5

или испратете го Вашето CV во
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје

Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Запознајте дел од нашите брендови:
 

​Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more