- ВСС/VII степен образование, Економски факултет
- Овластен сметководител
- Минимум 3-5 години релевантно искуство во вршење на финансиско и менаџерско сметководство со познавање на:
- Законската регулатива,
- Меѓународните сметководствени стандарди кои се применуваат во Република Северна Македонија, како и целосните МСФИ и
- Контрола и буџети, ревидирани буџети и стратешки планови и презентации.
- Одлично познавање на МS Office апликациите
- Познавање на САП ќе се смета за предност.
- Одлично познавање на англиски јазик
- Солидни аналитички способности и прецизност во работењето
- Донесување на одлуки и решавање на проблеми
- Флексибилност и адаптибилност во тимското работење
- Способност да се работи на повеќе задачи истовремено, независно или како дел од тим
- Добри комуникациски и организациски способности
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши само на веб страницата
на Цементарница УСЈЕ преку полето Аплицира.ј
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.