Vrabotuvanje.com - Планер за електро одржување - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Планер за електро одржување

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата 
 
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
 
објавува оглас за вработување на
 
Планер за електро одржување
 
Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во Одделението техники на одржување кои вклучуваат спроведување на активностите за планирање на одржувањето на опремата, планирање на потребните материјални и човечки ресурси потребни за извршување на активностите на одржување на целокупната опрема. Изработува планови за ремонти и други поголеми зафати на опремата, планира и подготвува проекти поврзани со инвестиции, активно учество во анализа за детектирање на причините за дефект на опремата, се грижи за собирање и систематско документирање на секаков вид на документација за опремата, техничка валидизација на завршени активности од надворешни фирми, итн. Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува од 36.000 до 45.000 денари, додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
 
 
Квалификации:
  • ВСС/VII степен образование, Електротехнички факултет
  • Работно искуство од 3 години во одржување ќе се смета како предност
  • Одлично познавање на МS Office, AutoCAD
  • Одлично познавање на англиски јазик
 
Конкурентски предности:
  • Безбедносно однесување
  • Техничка експертиза
  • Превентивно, предвидливо, проактивно одржување
  • Планирање и организирање 
  • Донесување на одлуки и решавање на проблеми
  • Флексибилност и адаптибилност во тимското работење
  • Способност да се работи на повеќе задачи истовремено, независно или како дел од тим


Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата 
на Цементарница УСЈЕ преку полето Аплицирај.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more