КАЗ ГРУП ДОО Илинден, фирма за производство на водоводна опрема, за своите потреби објавува оглас за вработување на:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Опис на работни задачи:
Врши работни задачи од административно-деловен карактер
Ги следи објавените тендери, ја припрема потребната документација за тендер и учествува на електронска аукција
Изготвува налози за работа, излезни фактури за продадени производи
Врши понуда и продажба на производи и контактира, преговара и договара со деловните партнери во рамките на своите овластувања во земјата и во странство
Го испитува пазарот, ја прати побарувачката, промените и интересот за нови производи на пазарот и за тоа редовно го известува Директорот на продажба
Води евиденција за сите комитенти и изработува неделни, месечни, квартални, полугодишни и годишни комерцијални извештаи
Организирање и спроведување на увоз-извоз на материјали – меѓународна трговија
Контактира со деловните партнери по пат на телефон, писмено и електронски
Се грижи за наплата на побарувањата и контактира со комитентите околу наплатата на побарувањата
Строго се придржува до мерките за безбедност и заштита при работа.
Ги извршува задачите во согласност со Системот за квалитет по ISO 9001
Потребни квалификации:
Кандидатите кои имаат искуство во иста или слична индустрија-ќе се смета за предност
Завршено минимум ССС образование
Возачка дозвола Б категорија
Aктивно користење на софтвер ERP Pantheon
Високо ниво на компјутерски вештини MS Office
Познавање на англиски јазик
Високо ниво на комуникациски и организациски способности
Ние нудиме:
Работно време од 07:30 до 15:30 часот
Организиран бесплатен превоз
Годишни бонуси
Роденденски подарок
Програма за обука и развој
Конкурентска плата
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате наведените квалификации, потребно е да доставете кратка биографија, преку полето Брза Апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!