Vrabotuvanje.com - Соработник/соработничка за финансии (м/ж) - Скопје - Хелсиншки комитет за човекови права
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Соработник/соработничка за финансии (м/ж)

Скопје

Application deadline:

  • Хелсиншки комитет за човекови права

Хелсиншкиот комитет за човекови права е здружение формирано во 1994 година, чија мисија е заштита и унапредување на човековите права и слободи гарантирани со Уставот  и меѓународните инструменти за граѓанските, политичките и за социјалните, економските и културните права, како и  Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година и градење на демократски услови во кои тие можат да се практикуваат врз основа на владеење на правото.

Соработник/соработничка за финансии (м/ж)


Опис и работни задачи:

  • Следење на буџетите и спроведувањето на добри финансиски практики;
  • Подготовка на исплатите поврзани со пректите финансирани од Европската Унија;
  • Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација за доделениот проект;
  • Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
  • Подготовка на периодични и финален финансиски извештај;
  • Подготовка на пресметки, буџети, поддршка во процес на јавни набавки како и евалуација на целокупните активности и документација;
  • Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
  • Следење и контрола на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
  • Организација и поддршка во спроведување на ревизии на европски проекти;
  • Учество во креирање на методи за fundraising;
  • Поддршка во тековното работење на одделението за финансии на Хелсиншкиот комитет за човекови права и;
  • Други активности поврзани со секојдневното управување со финансиите на организацијата кои не се погоре споменати.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование;
  • Познавање на PRAG (Procedures and practical guide), насоки и процедури за грантови и набавки во рамки на проекти финансирани од Европската Унија;
  • Најмалку три години работно искуство во водење на финансии во граѓанскиот сектор;
  • Искуство во спроведување на проекти финансирани од Европската Унија;
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Компјутерски вештини, со познавање на MS Excel;
  • Напредни организациски и комуникациски вештини.

Како предност ќе се смета:

  • Искуство на работа во динамична атмосфера и со куси рокови;
  • Работа во тим и искуство на докажана работа со партнерски организации;
  • Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографија потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат преку полето Брза Апликација, најдоцна до 5ти септември 2022 година до 17:00 часот.

При доставувањето на апликациите да се наведе работната позиција од огласот.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремената и нецелосна пријава од кандидатите, нема да бидe земенa  предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најквалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Public services and non-profit organizations amounts to 32.203 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more